Известување за нова услуга на НЛБ Тутунска брокер – Портфолио менаџмент / Инвестиционо советување

 

Дозволете да Ве информирам дека НЛБ Тутунска брокер воведе нови услуги Портфолио менаџмент / Инвестиционо советување кои се наменети за финансиски моќни поединци кои сакаат штедењето на вообичаените начини да го дополнат со инвестирање во хартии од вредност, без тоа да им одзема време, а истовремено да биде направено од лица со стручно познавање на берзата (инвестициони советници, аналитичари).

НЛБ Тутунска брокер со овој вид на инвестирање Ви овозможува:

  • Формирање на ефикасен збир на инвестиции (лично портфолио) со цел во што поголема мера да се избегне преземањето на непотребен ризик, а да се оптимизира профитот.
  • Професионално управување со средствата.
  • Тековно известување за случувањата со личното портфолио и за случувањата на берзата.
  • Бесплатни консултантски услуги од областа на инвестирањето во хартии од вредност.
  • Можност да се повлечат сите средства и да се добијат во ликвидна форма најдоцна во рок од триесет дена по приемот на барањето.

 

Доколку сте заинтересирани, можеме да договориме информативен состанок на кој ќе Ви укажаме за предностите и ризиците од ваквиот начин на инвестирање и воедно ќе Ви дадеме одговор на сите Ваши прашања околу новата услуга.

 

 

Драги Тасевски,
Извршен Директор
НЛБ Тутунска брокер АД Скопје