НЛБ Тутунска банка преку НЛБ Тутунска брокер, прогласена од Euromoney за најдобра инвестициона банка во Македонија за 2008 година

2 јули 2008

Реномираното британското списание за меѓународни финансиски пазари и институции, Euromoney, и додели признание на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за Најдобра инвестициона банка во Македонија за 2008 година на синоќешната свечена манифестација одржана во Виена - Euromoney Awards for Excellence Central & Eastern Europe. На НЛБ Групацијата, стручниот тим на списанието Euromoney и додели три признанија за извонредност: на НЛБ д.д. Љубљана, на НЛБ Монтенегробанка и на НЛБ Тутунска банка.


Признанијата на Euromoney се познати како независни признанија кои од 1992 година им се доделуваат на најдобрите банки и финансиски институции низ целиот свет. Изборот на најдобите се темели на деловните резултати, гласањето и оценките на новинарите и дописниците на списанието Euromoney.

НЛБ Тутунска банка доби награда за најдобра инвестициона банка преку својата брокерска куќа НЛБ Тутунска брокер во којашто НЛБ Тутунска банка има капитален удел од 100%. НЛБ Тутунска брокер е основана во 1996 година како организацона единица во НЛБ Тутунска банка, а од 1998 година дејствува како самостојно правно лице. „НЛБ Тутунска брокер е едно од најстарите и најактивните друштва за берзанско посредување, соосновач на Македонската берза на хартии од вредност и даде значаен придонес во развојот на пазарот на капитал во Македонија. Не радува тоа што нашата работа и напори ги препознаваат и во меѓународната јавност“, изјави Ѓорѓи Јанчевски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка.