Услуги
Капиталот на НЛБ Тутунска брокер изнесува 500.000 Евра, што овозможува лиценца за вршење на сите работи согласно Законот за хартии од вредност:
- купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
- купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
- управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент;
- вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
- вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
- дејствување како покровител при котација;
- инвестиционо советување;
- извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;
- Техничка и фундаментална анализа на компаниите кои котираат на Македонска берза
- Пополнување на даночна пријава за остварена капитална добивка/загуба во име на клиент