НЛБ Тутунска брокер АД Скопје работи на Македонскиот пазар на капитал од март 1996 година и е еден од основачите на Македонската берза (септември 1995).
НЛБ Тутунска брокер е една од најстарите и најактивни членки на Македонксата берза на долгорочни хартии од вредност и е активно вклучена во развојот на пазарот на капитал во Република Македонија.
Во почетокот беше организирана како составен дел на НЛБ Тутунска банка, додека од февруари 1998 е одвоена како посебно правно лице кое работи согласно Законот за хартии од вредност.
НЛБ Тутунска брокер е акционерско друштво кое е 100% сопственост на НЛБ Тутунска банка, и двете членки на НЛБ групацијата.
Капиталот на НЛБ Тутунска брокер изнесува 500.000 Евра, што овозможува лиценца за вршење на сите работи согласно Законот за хартии од вредност:
-купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
-купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
-управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент;
-вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
-вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
-дејствување како покровител при котација;
-инвестиционо советување;
-извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;
НЛБ Тутунска брокер поседува 12.5% од пазарното учество односно второ место од 17 брокерски куќи кои функционираат на пазарот на капитал во Република Македонија.